Аргентинските компании се добредојдени во Македонија

Bez autora
Apr 29 2013

Премиерот Никола Груевски ги повика аргентинските компании да ја посетат Македонија и изворно да се запознаат со поволностите што нашата земја ги нуди на странските инвеститори. Економскиот тим предводен од премиерот поволностите за инвестирање во Македонија ги претстави во Буенос Аирес пред компании од областа на транспортната инфраструктура, енергетиката, туризмот, земјоделството, осигурувањето. Вие можете да остварите посета на Македонија и не од нас, туку од странските инвеститори кои се веќе лоцирани и работат во мојата земја да побарате информации за поволностите што ги нудиме за водењето бизнис. На ова ќе го надоврзам и фактот што некои од нив, освен еден отворен капацитет, веќе отвораат и втор капацитет во Македонија, а тоа е најдобар доказ дека ја имаат нашата поддршка.

Аргентинските компании се добредојдени во МакедонијаПремиерот Никола Груевски ги повика аргентинските компании да ја посетат Македонија и изворно да се запознаат со поволностите што нашата земја ги нуди на странските инвеститори.

Економскиот тим предводен од премиерот поволностите за инвестирање во Македонија ги претстави во Буенос Аирес пред компании од областа на транспортната инфраструктура, енергетиката, туризмот, земјоделството, осигурувањето.

- Вие можете да остварите посета на Македонија и не од нас, туку од странските инвеститори кои се веќе лоцирани и работат во мојата земја да побарате информации за поволностите што ги нудиме за водењето бизнис. На ова ќе го надоврзам и фактот што некои од нив, освен еден отворен капацитет, веќе отвораат и втор капацитет во Македонија, а тоа е најдобар доказ дека ја имаат нашата поддршка - истакна премиерот Груевски на Форумот, на кој беа претставени можностите за инвестирање во Македонија, а кој беше организиран од Индустриската унија на Аргентина.

Премиерот Груевски смета дека само преку вакви контакти и посети компаниите може да се информираат за поволностите за правење бизнис во Македонија.

- Оној момент кога тие ќе одлучат да прават некој капацитет во Европа преку укажувањата на поволностите за инвестирање, ќе дознаат дека Македонија е најдобрата дестинација за правење бизнис и од аспект на најниски трошоци и од аспект на тоа дека има слободен пазар со сите европски држави и од аспект дека има стабилна макроекономија и дека е една од највисоко рангираните држави според Светската банка во однос на добрата бизнис-клима и повеќе други аспекти - изјави премиерот Груевски.

Тој се осврна и кон инвестициите во образованието истакнувајќи дека Владата двојно го зголеми обемот на средства што се инвестираат во образованието во насока на креирање кадар кој ќе ги поседува потребните вештини и знаења за квалитетно извршување на работните задачи.

Претседателот на Индустриската унија на Аргентина, Хозе Игнацио де Мендигурен, позитивно ги оцени можностите за инвестирање во Македонија, што беа претставени на Форумот и истакна дека Унијата ќе лобира и ќе ги проследува кон нивните членки во насока да ги мотивира да ги разгледаат како добра бизнис-можност.

Вицепремиерот Ставрески посочи дека стабилната валута, ликвидниот и солвентен банкарски систем, ниската инфлација и ниското ниво на задолженост, кои се македонски макроекономски индикатори, нудат добро бизнис-опкружување, а поддршката што Владата ја дава со својата услужна ориентираност ќе биде од значење на потенцијалните инвеститори.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik